Breaking News

Холандскиот премиер Руте гледа напредок во планот за искористување на средствата од замрзнатите руски активи


Земјите од Европската унија се повеќе се обединуваат кога станува збор за користењето на средствата од замрзнатите руски активи во врска со војната во Украина.


Мојот впечаток е дека постепено постигнуваме консензус, рече холандскиот премиер во заминување Марк Руте на крајот од првиот ден од европскиот самит, јавија холандските медиуми.


Тој рече дека било договорено Европската комисија дополнително да го развие планот и важно било да може да се направи овој чекор сега.

Според него, од стотиците милијарди евра замрзнати руски средства во ЕУ, годишно може да се извлечат околу три до милијарди евра.


Овие средства наскоро ќе треба да се користат во голема мера за воена помош за Украина. Но, со тоа сè уште не се согласуваат сите 27 земји-членки.

Австрија и Унгарија, меѓу другите, посочија дека имаат потешкотии да го сторат тоа. Извор близок до унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја воопшто не сака да учествува во планот.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА