Breaking News

Хил: Важно е да се решат „недостатоците“ по прашањето за изборите во Србија


Амбасадорот на СAД во Србија, Кристофер Хил објави порака во која вели дека меѓународните набљудувачи кои биле во Србија за време на изборите на 17 декември откриле повеќе „недостатоци“ и дека е важно Србија да работи со нив и да ги реши овие прашања.


Во објавата на Американската амбасада на мрежата „Икс“, Хил посочи дека изборите предизвикуваат поделба, но тие се предуслов за демократија.


Тој рече и дека е неопходно земјата да има „еден вид отпор“ за да може „да се опорави од овие моменти“ по изборите, кога учесниците „не се многу задоволни едни на други“.

Како што нагласи, изборите се „стрес тест“ за демократијата и тоа важи за секоја држава.


Набљудувачите на Црта и претставници на меѓународната канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР) укажаа на нерегуларностите на изборите во Србија и нарушувањето на изборната волја на граѓаните.

Хил изјави и дека американската Влада очекува да продолжи соработката со српската Влада за прашања од заеднички интерес. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА