Breaking News

Хезболах ракетираше израелска военовоздушна база


– Хезболах денеска соопшти дека истрелала голем број ракети од јужниот дел на Либан врз израелската воздушна база Мерон.


Хезболах наведе дека нападот е одмазда за вчерашниот израелски напад врз цели на шиитска проиранска група во близина на либанскиот град Балбек.


Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека од Либан истрелани се 35 проектили врз Мерон, но оти при нападот нема човечки загуби, а исто така не е предизвикана материјална штета.

 ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА