Breaking News

Хезболах презеде одговорност за нападот врз Израел


– Либанското шиитско движење Хезболах презеде одговорноста за денешниот ракетно-артилериски напад врз областа Шаба, окупирана од Израел, наведувајќи дека дејствува „во солидарност“ со палестинскиот народ.


Во писмената изјава, Хезболах тврди дека нападот биле насочени кон три пунктови, вклучително и „радарска локација“ во Фармите на Шаба, територија окупирана од Израел во 1967 година.


Израелската армија претходно денеска соопшти дека гранатирала област во Либан од каде претходно беше нападнат Израел.

Израелската војска, исто така, соопшти дека нејзиното беспилотно летало погодило пост на Хезболах во областа Хар Дов, во близина на границата со Либан.


Хамас по вчерашниот масовен напад врз Израел ги повика сите Палестинци и другите поддржувачи да се вклучат во вооружената борба.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА