Breaking News

Хемофилтрација е метода која редовно се користи, и претходно, и сега, и за време на Ковид, тврдат од државната Кардиохирургија


Хемофилтрацијата е еден од модалитетите на континуираната бубрежна заместителна терапија која се применува редовно на државната Кардиохирургија. На оваа Клиника, како што објаснуваат за „Нетпрес“, таа се користи со сите свои модалитети.


На нашето прашање, за што поконкретно се применува, од таму велат дека е за случаите како што е акутна бубрежна инсуфициенција, или скратено АБИ, што е ненадејно губење на способноста на бубрезите да ја вршат нивната основна функција – елиминирање на вишокот течности и електролити, како и отпадниот материјал од крвта. Потоа, за волуменско оптоварување или аортна стеноза, што е заболување на аортната валвула, што може да доведе до срцева слабост, па и до смрт. Хемофилтрација се применува и за хиперкатаболизам, или за нарушувања на аминокиселините кои доведуваат до нарушување во централниот нервен систем; за случаи на метаболен дисбаланс, збир од 5 најчести метаболни пореметувања, инсулинска резистенција и покачени вредности на шеќер/глукоза во крвта, натрупување на масно ткиво околу струкот, зголемен крвен притисок, зголемени триглицериди во крвта и низок HDL холестерол (“добар холестерол”).


Од Клиниката додаваат дека хемофилтрација се применува и врз пациенти со акутен респираторен дистерс ,кај возрасни; кај системски инфламаторен одговор, што е резултат на инфекција или незаразни причини за акција во телото и негово самоуништување; во случаи на сепса; на мултиорганска слабост, (MODS синдром) мулти-органска дисфункција или откажување на повеќе органи; кај синдром на лиза на тумор, всушност, дезинтеграција на клетките на ракот и многу брзо распаѓање што е одговор на онколошки фокус на ефективната употреба на хемотерапијата.

Хемофилтрација, како што објаснуваат понатаму, се применува и при хронична срцева слабост, а постојат и други ситуации на примена, иако овие се најчести.


„Терапијата на хемофилтрација кај континуирана бубрежна заместителна терапија не е експериментална, напротив, тоа е одобрена терапија за која постојат голем број на студии кои ја потврдиле нејзината ефикасност во лекување на пациентите во единиците за интензивна нега, а претствавува воедно и едно од поважните откритија во поновата медицина. Принципот на терапијата ги користи истите процеси како и стандардната хемодијализа на која се подвргнати пациентите со терминална бубрежна слабост во центрите за дијализа. Разликата е во времетраењето на секоја засебна процедура,хемодинамската стабилност,проширени индикациони подрачја,можност за избирање на филтер согласно индикацијата“, велат за Нетпрес од оваа Клиника.