Breaking News

Хамас тврди дека држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво во Газа


– Висок функционер на Хамас соопшти дека групата држи повеќе од 100 луѓе во заробеништво по нападот врз Израел. – Високи израелски офицери се меѓу заробените, рече Муса Абу Марзук.


Се работи за бројка која е дополнителна од повеќе од 30 лица за кои се тврди дека ги држи палестинската група Исламски џихад.


Меѓу затворениците кои борците на Хамас ги одведоа во Газа има жени, деца и постари лица. јт/Фото: ЕПА .

Извор: МИА