Breaking News

Хамас: САД и Велика Британија ќе бидат виновни за влошувањето на безбедноста во регионот


Палестинската милитантна група Хамас денеска остро го осуди американско-британскиот напад врз воените цели на јеменските бунтовници Хути во Јемен.


Хамас во соопштението рече дека САД и Велика Британија ќе сносат одговорност за влијанието на тој напад врз влошувањето на безбедноста во регионот.


САД, Обединетото Кралство и сојузниците започнаа воздушни и поморски напади врз воени цели на Хутите како одговор на нивните напади врз бродови што пловат по Црвеното Море. ссм/фото: архива .

Извор: МИА