Хамас и Исламски џихад одбиваат да ја предадат власта во Газа за трајно примирје


Хамас и неговиот сојузник Исламски џихад го отфрлија египетскиот предлог да се откажат од власта во Појасот Газа во замена за траен прекин на огнот, изјавија денеска два египетски безбедносни извори.


Двете групи, кои водат одделни разговори со египетските посредници во Каиро, одбија да понудат какви било отстапки освен можното ослободување на повеќе заложници заробени на 7 октомври, кога милитантите навлегоа во јужниот дел на Израел, убивајќи 1.


200 луѓе.

Египет предложи „визија“, исто така поддржана од катарските посредници, која ќе вклучи прекин на огнот во замена за ослободување на повеќе заложници, додека на крајот ќе доведе до поширок договор кој би вклучувал траен прекин на огнот заедно со промена на палестинското раководство во Газа.


Во моментов Хамас е на власт во Појасот Газа.

Египет предложи избори додека го уверуваше Хамас дека неговите членови нема да бидат кривично гонети, но исламистичката група одби какви било отстапки освен ослободување на заложниците, велат изворите.


Повеќе од 100 израелски заложници се уште се во Газа.

Официјален претставник на Хамас, кој неодамна го посети Каиро, одби директно да коментира за конкретните понуди за повеќе привремени хуманитарни примирја и го отфрли предлогот.


„Хамас се обидува да стави крај на израелската агресија врз нашиот народ, масакрите и геноцидот, а ние разговаравме со нашите египетски браќа за начините како да го направиме тоа“, изјави претставник на Хамас.

рп/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА