Хамас: Бројот на загинати во израелскиот воздушен напад се зголеми на 106


– Палестински здравствени власти во Газа, каде на власт е Хамас, соопштија дека бројот на загинати во израелскиот воздушен напад се искачи на 106.


Претходно, официјални претставници на болницата соопштија дека загинале 68 лица.


Според последните бројки, синоќешниот воздушен напад во бегалскиот камп Магази е еден од најсмртоносните во израелската воздушна кампања во Газа, пренесе Скај Њуз.

Медиумот нагласува дека не можел да ја потврди информацијата. јт/Фото: ЕПА .


Извор: МИА