Breaking News

„ХалкЕко Скопје трча 10км“ по седми пат низ улиците на Скопје


Трката која се здоби со сертификат од Светска атлетика и АИМС, „ХалкЕко Скопје трча 10км“, утрово се одржа по седми пат.


Околу 1 500 натпреварувачи ја започнаа трката од фонтаната „Лотос“ и на истото место ја завршија оваа десеткилометарска трка.


Победник во машка конкуренција на седмото издание на оваа трка е Дарио Ивановски со време од 30:22 минути, на второто место се најде Тирон Мамуша од Албанија за 32:29 минути, додека трката трет ја заврши Иван Пешовски за 32:53 минути.

Кај жените целта прва ја помина Билсерин Сулејман од Бугарија за време од 36:58 минути, второто место и припадна на Биљана Кираџиева од Србија за време од 38:54 минути, додека пиедесталот го надополни Маринела Цекова од Бугарија која ја зврши трката како третопласирана за 40:30 минути.


-Од локална трка која започна пред 7 години, ХалкЕко Скопје трка 10км прерасна во меѓународна трка. Оваа трка е втората трка во Македонија која е светски признаена од АИМС и Светска атлетика.

Секоја година се зголемува бројот на учесници на оваа трка, што докажува дека нашите граѓани го сакаат трчањето и здравиот начин на живот.


Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците и ги поздравувам сите кои учествуваа на седмото издание на „ХалкЕко Скопје трча 10км“, изјави Гордана Николовка од Сојузот на спортови на Скопје.

Оваа трка, како и сите останати трки кои се под палката на Сојузот на спортови на Скопје, посочуваат организаторите, се мотивација за сите учесници, кои го даваат својот максимум, да продолжат со тренирање, вежбање и одржување на здрави и спортски навики.


„ХалкЕко Скопје трча 10км“ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ко-организатори се Триатлон федерација на Македонија и А. К.

Работнички, под покровителство на Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Насловен спонзор на трката е Халкбанк АД Скопје. мс/црфото: Идеа Лаб .

Извор: МИА