Гутереш: Потребен е побрз напредок во остварувањето на правата на жените


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во пресрет на Меѓународниот ден на жената, 8 март, денеска соопшти дека жените ширум светот постигнале голем успех рушејќи ги бариерите, разбивајќи ги стереотипите и потикнувајќи го напредокот кон поправеден и порамноправен свет, истакнувајќи дека е неопходен побрз напредок во остварувањето на правата на жените.


Гутереш, сепак, предупреди дека жените и девојчињата сè уште се соочуваат со огромни препреки и поради тоа ОН се обврзуваат дека ќе се ангажираат заради забрзано остварување на правата на жените.


„Милијарди жени и девојки се соочуваат со маргинализација, неправда и дискриминација, а тековната епидемија на насилство врз жените е срам за човештвото“, наведе Гутереш во соопштението.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА