Breaking News

Гутереш изрази надеж дека Израел брзо ќе го зголеми пристапот до помошта во Појасот Газа


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека искрено се надева дека Израел брзо и ефективно ќе го зголеми пристапот до помошта во Појасот Газа, опишувајќи ја ситуацијата во палестинската енклава по шест месеци војна како „апсолутно безнадежна“.


Израел го одобри повторното отворање на преминот Ерез во северниот дел на Газа и привременото користење на пристаништето Ашдод во јужен Израел, откако американскиот претседател Џозеф Бајден побара чекори за ублажување на хуманитарната криза во Газа, велејќи дека тие можат да станат услов за поддршката на САД за Израел.


„Кога портите на помошта се затвораат, портите на гладот ​​се отвораат“. Повеќе од половина од населението, над милион луѓе, се соочуваат со катастрофален глад.

Децата во Газа денеска умираат поради недостиг на храна и вода“, изјави Гутереш за новинарите. Според него, тоа е несфатливо и целосно може да се избегне.


„Ништо не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ“, нагласи Гутереш. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА