Breaking News

Гутереш: 2024 година нека биде година на обнова на довербата и враќање на надежта


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш,  преку видео порака повика 2024 година да биде година на обнова на довербата и враќање на надежта по 2023 година, која, како што рече, е година на огромни страдања, насилство и природни катастрофи предизвикани од климатските промени.


Гутереш предупреди дека војните во светот стануваат се побројни и покатастрофални и затоа 2024 година мора да биде година за враќање на довербата и враќање на надежта. – Човештвото е во болка.


Нашата планета е во опасност – предупреди Гутереш.

Генералниот секретар потсети дека 2023 година беше најжешката година во историјата и дека луѓето ширум светот беа погодени од растечката сиромаштија и глад.


– Мораме да се погрижиме новите технологии, како што е вештачката интелигенција, да бидат сила за добро – рече Гутереш. На крајот од видео пораката тој посака среќна и мирна Нова година. зш/ .

Извор: МИА