Breaking News

Грузиската владејачка партија повторно го воведе законот за „странски агенти“


Грузиската владејачка партија соопшти дека повторно го поднесува до парламентот контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“, кој го откажа во март минатата година по избувнувањето на масовните протести, објавија британски медиуми.


Партијата Грузиски сон, која Западот и локалните опозициски партии ја обвинуваат за авторитаризам и проруска ориентација, рече дека новиот текст ќе биде речиси идентичен со претходниот и дека ќе биде усвоен до крајот на тековната парламентарна седница.


мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА