Breaking News

Груминг и правилно третирање на крзното – настан на Асоцијацијата на домашни миленици


Во организација на Асоцијацијата на стилисти на домашни миленици на Македонија денеска во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици.


 Организаторите нагласуваат дека настанот нема натпреварувачки карактер и оти целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.


Најавено е учество на 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик – модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето – стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

 Покрај домашните грумери, најавен е и меѓународен тим од четворица грумери од Српската асоцијација на грумери кои имаат освоени титули на балкански првенства.


Ќе присуствува и професор специјализиран за благосостојба на миленици во Копенхаген, како и еден стилист за птици кој ќе врши демонтрација на кратење на клун.

 Ќе учествуваат 16 кучиња од 11 различни раси и мешанци.  Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници. . . .


Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици. бак/лв/Фото: Плакат   .

Извор: МИА