Breaking News

Груби: Владата додели 3 милиони евра за изградба на „Качанички пат“ во Визбегово


Владата наменски додели 3 милиони евра, од вкупна вредност од 6 милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат „Качанички пат” во Визбегово, до скопската обиколница, напиша денеска на својот фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.


Тој информира дека во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот, ги почнале последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт, за, како што потенцира, да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот.бт/аа/


Фото/ Фејбук страница на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби

Скопје, 6 април 2023 (МИА)