Breaking News

Гроси: Испуштањето на прочистената радиоактивна отпадна вода од Фукушима ги исполни безбедносните стандарди


Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси на денешниот состанок во Фукушима им рече на локалните јапонски претставници дека испуштањето на прочистената радиоактивна отпадна вода од оштетената нуклеарна централа е извршено во согласност со безбедносните стандарди.


Гроси им се придружи на локалните функционери и претставниците на риболовните и деловните групи и ги увери дека испуштањето е направено без влијание врз животната средина, водата, рибите.


Генералниот директор на МААЕ, кој вчера пристигна во Јапонија, ја посети Фукушима за прв пат откако во август почна испуштањето на прочистената вода. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА