Breaking News

Граѓанската обврзница достапна преку експозитурите на НЛБ Банка Скопје


 


Граѓанската обврзница која ја издаде Министерството за финансии  за граѓаните во земјава e достапна преку НЛБ Банка Скопје. Проспектот за првата аукција на граѓански обврзници е објавен на 30 јуни, а граѓаните можат да аплицираат за овој нов финансиски инструмент во сите експозитури на НЛБ Банка до 12 јули, 2023г, до крајот на работниот ден.


Како што информираше Министерството за финасии, станува збор за безризичен финансиски инструмент со рочност на две години, кој е гарантиран од државата, и кој им дава можност на граѓаните своите слободни средства да ги инвестираат во развојни државни проекти, со загарантирана каматна стапка од 5%. Обврзниците имаат купонска камата, што значи дека секоја година на вложената сума ќе биде исплаќана договорената камата од 5%, додека на истекот на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот што ќе го уплатат граѓаните.

Со ова НЛБ Банка Скопје дава своја поддршка во економскиот развој на земјата, тенденцијата на државата за збогатување на пазарот на хартии од вредност со нови финансиски инструменти,  и поттикнувањето на нови инвестиции во развојни државни проекти.


Инаку, обврзниците се финансиски инструменти кои постојат во речиси сите економии и тие не се замена за штедни влогови и инвестиции во други хартии од вредност, туку се надополнување на инвестициското портфолио во земјава и можност за граѓаните за диверзифициран пласман на своите слободни средства.

Постапката за купување на обврзниците ќе се одвива со поднесок на барање преку експозитурите на НЛБ Банка во земјава.


Повеќе информации за Граѓанската обврзницата се достапни на www.nlb.mk.