Breaking News

Градоначалничката на Скопје Арсовска учесник на настан по повод 10-тата Конференција при Конвенцијата на Обединетите нации против корупција


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е учесник на настан по повод 10-тата Конференција при Конвенцијата на Обединетите нации против корупција, чиј домаќин се САД и со која претседава Координаторот на Стејт Департментот за глобална антикорупција Ричард Нефеј.


На покана на организаторите со обраќање како лидер на локално ниво во градење доверба и спречување на корупцијата, Арсовска учествува заедно со извршниот директор на Мрежата на силни градови Ерик Росанд и директорката на програмата за владеење на право на Картер Центарот од САД Лаура Њуман.


.

Извор: МИА