Breaking News

Градежни активности во општина Карбинци 


Градежни активности се реализираат во Општина Карбинци. На барање на жителите во село Козјак се рехабилитира главната улица.


Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов изјави дека станува збор за улица која беше премногу оштетена.


Овој период приоритетен проект за нив како општина  е реконструкцијата на патот меѓу селата Долни Балван и Таринци.

-Работиме на оној поголем проект на локолниот пат од село Долни Балван до село Таринци во должина од еден километар и 600 метри и е голем проект за нас.


Ама се работи и на неколку други улици, вели Паунов. Во тек е и реконструкција на детското игралиште во село Крупиште.

Паунов истакна дека градежната сезона продолжува и во наредниот период додека дозволуваат временските услови. вдј/мд/Фото: Општина Карбинци  .


Извор: МИА