Breaking News

Ѓорѓиевски: Ја асфалтираме „Герника“ во Драчево, која беше заборавена повеќе од 30 години


Почна асфалтирањето на улицата „Герника“ во Драчево.


Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски синоќа изврши увид во градежните активности, кои поради топлотниот бран што ја зафати земјава, се одвиваат во вечерните часови.


Се работи за градежен зафат на површина од околу 2.

800 квадратни метри, односо асфалтирање на 700 метри коловоз, изградба на тротоар поплочен со павер елементи долж целиот потег, како и паркинг простор за околу 30-тина возила.


-Вечерва започнавме со асфалтирање на улицата „Герника“ во Драчево, која беше заборавена повеќе од 30 години.

Поради топлотниот бран која ја зафати Република Македонија, а грижејќи се за здравјето на вредните работници кои се грижат Кисела Вода да биде темелно променета, работиме во вечерните часови.


Започнавме со градежни активности на „Герника“ во Драчево на површина од околу 2. 800 квадратни метри на чија реконструкција се чека повеќе од триесет години, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека овој зафат бил потребен, 700 метри коловоз ќе добие нов асфалт, а се гради и тротоар поплочен со павер елементи долж целиот потег.


На крајот од улицата ќе има и паркинг простор за околу 30-тина возила. мд/црФото: Општина Кисела Вода  .

Извор: МИА