„Гласот на изборот” 11-та Ротари конференција за професионална ориентација


Ротари клубот Скопје Камен мост по единаесетти пат ја организира Ротари конференцијата за професионална ориентација наменета за средношколците. Оваа година под наслов “Voice of choice” „Гласот на изборот”. Настанот има за цел да им даде поддршка на младите и талентирани луѓе во остварувањето на нивниот целосен потенцијал, помагајќи им во изборот на нивната идна професионална кариера.


Учесниците на конференцијата ќе дискутираат на теми: Како ја носиме една од најзначајнaтa одлукa во животот – изборот на професијата, нешто што е тесно поврзано и со изборот на студиите?


Кои гласови најмногу ги слушаме и ни се најважни кога одлучуваме: на родителите, роднините, пријателите, или гласовите кои се шират по медиумите, социјалните мрежи и неформалните разговори? Како пресекуваме што најмногу сакаме да студираме и работиме? Колку секој збор влијае врз нашиот избор? Колку го следиме и како се оформува внатрешниот глас на одлука?

На овие и многу други актуелни теми за средношколците и младите ќе биде посветена 11. Конференција за професионална ориентација во организацоија на Ротари клубот Скопје – Камен мост, која ќе се одржи на 8 април 2023 година во Меѓународното училиште НОВА, со почеток во 10 часот.


Пријавете се преку линкот:

https://docs.google.com/forms/d/1h8k8KtE2KUoMnH00keG1_omxMry7jugXM7SZg9cn4ow/edit


Агенда

9:30 – 10:00 Пристигнување на учесниците и регистрација


10:00 – 11:30 Отворање на конференцијата и пленарна сесија

Воведно обраќање на Владимир Мартиновски – претседател на Ротари клубот Скопје Камен мост за 2022/23

Бисера Чадловска – диригентка на МОБ

Огнен Марина – декан на Архитектонскиот факултет при УКИМ

Кирил Зеленковски – млад истражувач во МАНУ во информатички технологии

11.30-12.00 Кратка пауза и закуска, подготовка за break-out сесија

12:00-13:30 Break-out сесија во мали групи

Професионални области:

● Економија, Финансии и Право

● Маркетинг и комуникации, Нови медиуми и дизајн, Книжевност и јазици

● Meдицина, Стоматологија и Фармација

● STEM ( Инженерство, Нови технологии, IT)

● Градежништво, Архитектура

(Говорниците се членови на Ротари клубот Скопје Камен мост)