Breaking News

Германскиот синџир на аптеки Росман ќе се шири на Балканот со влегување на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија 


Германскиот синџир на аптеки Росман планира да ја прошири својата малопродажна мрежа на Балканот со навлегување на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија, пишува германскиот Wirtschaftsforum.


 Компанијата Росман неодамна објави рекорден раст на продажбата од 12,15 милијарди евра минатата година.


Најавуваат и дека нивниот асортиман наскоро ќе биде достапен во Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска и северниот дел на Италија.

Преку партнерство и франшиза, тие од неодамна се присутни и во Азербејџан. Росман е најстариот синџир на аптеки во Европа.


Првата фабрика е отворена во Германија во 1972 година, а денес работат на повеќе од 4. 500 локации низ Европа и вработуваат 60. 000 работници.

Компанијата Росман пред неколку недели објави дека на данскиот пазар влегува без продавници за малопродажба.  Росман ќе го води целиот свој бизнис преку онлајн тргување. цр/Фото:МИА архива .


Извор: МИА