Германската Влада планира да ги намали цените на електричната енергија за индустријата


– Германската Влада планира да ги намали цените на електричната енергија за тешката индустрија преку комбинација на даночни олеснувања и продолжување на субвенциите за енергетски интензивните индустриски производители, дознава ДПА.


Околу 350 германски компании кои се особено изложени на меѓународна конкуренција и се ставени во конкурентна неповолна положба поради високите цени на електричната енергија во Германија ќе добијат дополнителна помош, според информациите до кои дојде ДПА.


Весникот „Ханделсблат“ објави дека германскиот данок на електрична енергија треба да се намали од сегашното ниво од околу два проценти на европскиот минимум од 0,05 отсто, потег што не само што ќе им користи на големите корпоративни производители, туку и на многу помали специјализирани индустриски фирми во Германија.

Предлозите за намалување на трошоците за електрична енергија за индустријата се предмет на интензивна јавна дебата во Германија веќе неколку месеци. јт/Фото: МИА архива .


Извор: МИА