Breaking News

Германската полиција уапси членови на десничарското екстремистичко движење „Граѓани на Рајхот“


Германската полиција почна рации низ целата земја во домовите на членовите на десничарското екстремистичко движење „Граѓани на Рајхот“ и уапси неколку осомничени, соопшти Јавното обвинителство во Минхен.


Еден осомничен, како што посочуваат од обвинителството, се согласило да учествува во планираното киднапирање на министерот за здравство Карл Лаутербах и за таа цел набавило оружје во Хрватска.


Приврзаниците на „Граѓаните на Рајхот“ не ја признаваат легитимноста на актуелната Влада на Германија и ги отфрлаат нејзините демократски и уставни структури, како што се парламентот, законите и судовите.

Групата беше обвинета за заговор за насилно соборување на политичкиот систем во Германија и поставување нова влада.


На членови на наводната терористичка група „Обединети патриоти“, за кои се вели дека планирале државен удар, веќе им се суди. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА