Германија најави пакет воена помош од 700 милиони евра за Украина


Германската Влада денеска најави нов пакет воена помош за Украина, кој е вреден 700 милиони евра.


Пакетот вклучува два системи „Патриот“ од залихите на Бундесверот, 40 дополнителни пешадиски борбени возила „Мардер“, 25 дополнителни главни борбени тенкови „Леопард 1 А5“, како и пет оклопни транспортери „Бергепанцер“ 2, соопшти германското Министерство за одбрана.


Се додава дека помошта вклучува и дополнителни 20. 000 парчиња артилериска муниција и 5. 000 димни гранати од 155 милиметри.

„Новиот пакет ги исполнува „приоритетите на Украина: противвоздушна одбрана, тенкови, артилерија. . .


со него даваме важен придонес за зајакнување на отпорноста на Украина“, се вели во изјавата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА