Breaking News

Германија и Франција: Нападите на САД и Британија врз Хутите во Јемен се со цел да се спречат дополнителни напади


Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека ноќните напади на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во Јемен имале за цел да спречат дополнителни напади.


„Наша цел останува деескалација на тензиите и враќање на стабилноста во Црвеното Море“, се наведува во соопштението на германското Министерство на социјалната мрежа Икс (Твитер).


Франција, пак, ја повтори својата осуда на нападите на Хутите врз трговските бродови во Црвеното Море и ги повика да ги запрат.

„Со овие вооружени акции, Хутите носат многу сериозна одговорност за ескалацијата во регионот“, соопшти француското Министерство за надворешни работи.


Данска, каде што се наоѓа седиштето на компанијата „Маерск“ чии бродови минуваат низ Црвеното Море, целосно ги поддржува британските и американските напади врз Хутите во Јемен, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.

паг/Фото: МИА архива .


Извор: МИА