Breaking News

Германија гради фабрика за артилериски гранати во Литванија


Германскиот производител на оружје Рајнметал планира да изгради нова фабрика во Литванија за производство на артилериски гранати од 155 милиметри, јави ДПА.


Договорниот партнер на германското Министерство за одбрана и владата на балтичката земја-членка на ЕУ и НАТО потпишаа меморандум за разбирање во присуство на литванската премиерка Инфрида Шимонија, министерката за економија Аушрина Армонаита и министерот за одбрана Лауринас Кашчиунас.


Деталите од договорот не беа откриени. -Инвестицијата на Рајнметал ќе биде најголема во одбранбениот сектор и една од најголемите досега во историјата на Литванија, рече Армонаит.

-Тоа ќе и даде импулс на нашата индустрија, нашата економија и ќе ја зајакне безбедноста на регионот.


Подготвени сме да продолжиме да работиме со таа компанија за оваа успешна приказна да се придвижи што поскоро“, додаде министерката.

Рајнметал во средината на март потврди дека планира да изгради фабрика за артилериски гранати во Литванија.


Во иднина во таа балтичка држава постојано ќе биде стационирана оклопна бригада на германските вооружени сили. зш/фото ЕПА .

Извор: МИА