Breaking News

Германија апелира Израел „поефикасно да ги заштити“ цивилите во Рафа


– Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристијан Вагнер изјави дека постои голема загриженост за ситуацијата во Рафа и го повика Израел „поефективно да ги заштити“ цивилите во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.


Тој додаде дека Израел требало да покаже каде и како овие луѓе ќе бидат заштитени пред големиот напад врз Хамас во Рафа.


Вагнер посочи и дека шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на 14 февруари ќе отпатува во дводневна посета на Израел.

Претходно, Палестинската новинска агенција ВАФА објави дека повеќе од 100 луѓе загинале, а стотици се повредени во израелските напади врз градот.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА