Breaking News

Георгиев очекува транспарентност при носење на Законот за амнестија


Очекувам да има целосна транспарентност при носењето на Законот за амнестија, вели претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев кој денеска присуствуваше на отварањето на првата фотоволтаична централа на зградата на штипскиот Апелациски суд.


Георгиев истакна дека очекува и да се добијат одговори од кои причини се носи овој Закон, но и кои се ефектите.


-Очекувам да бидеме вклучени во некој дел од целата таа процедура со свое мислење како Судски совет, како судска фела.

Колку што знам јас дека е во процедура, како ќе помине тоа останува на законодавниот дом, рече Георгиев. вдј/са/Фото: МИА  .


Извор: МИА