Breaking News

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево


Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.


Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти. Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.


Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили. паг/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА