Breaking News

Газа: 150 Палестинци убиени во изминатите 24 часа, најмалку 26.900 од 7 октомври


Министерството за здравство во Газа соопшти дека од 7 октомври досега во таа палестинска енклава во израелските напади убиени се 26. 900 Палестинци, а 65. 949 се ранети.


Портпаролот на Министерството Ашраф ал Кудра на прес-конференција прецизираше дека само во последните 24 часа загинале 150 Палестинци, а 313 се ранети.


Тој додаде дека многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.


ссм/фото: ДПА .

Извор: МИА