Breaking News

Гардијан: Терoристичката „ Исламска држава“ уби 28 сириски војници и провладини борци


Борците на терористичката организација „Исламска држава“ вчера убија 28 сириски војници и провладини борци во два напада врз областите под контрола на владата во земјата разурната од војна, пишува денеска Гардијан.


„Во еден напад, 22 редовни армиски војници и борци од провладините сили беа убиени кога припадници на ИД отворија оган врз воен автобус во источната провинција Хомс“, соопшти невладината Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон.


Повеќето од убиените се членови на бригадата Ал Кудс, група палестински борци. Во друг напад, уште шест сириски војници беа убиени во база во близина на Албу Камал, во источна Сирија.

ссм/фото: архива .


Извор: МИА