Breaking News

Галант: Истекува времето за дипломатско решение со Хезболах


Израелскиот министеро за одбрана Јоав Галант изјави дека истекува времето за дипломатски напори да се стави крај на напнатоста меѓу Израел и Хезболах.


– Ние би го претпочитале патот на договореното дипломатско решение, но се приближуваме до точката кога песочниот часовникот ќе треба да се сврти, изјави Галант за време на проценката на ситуацијата на северната команда на Израелските одбранбени сили.


Галант, како што пренсува „Тајмс оф Израел“, со тоа навестува дека Израел наскоро нема да има избор освен да започне голема воена офанзива против Хезболах во Либан. са/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА