Breaking News

Габриел: Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје


Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел, која пристигна во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ, изјави дека нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку станува збор за испонување на вредностите на ЕУ, а историјата треба да им се остави на историчарите и да не се злоупотребува, политизира и радикализира.


– Нема билатерален проблем меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Бугарија е земја членка на ЕУ и ги поддржува принципите и вредностите на ЕУ.


Ако Северна Македонија сака да стане членка на ЕУ, мора да покаже дека членството во ЕУ значи обврски и исполнети ветувања.

Разбирањето во ЕУ е јасно – сакаме да покажеме дека мора да се почитуваат човековите права и принципите на ЕУ, истакна Габриел на синоќешното отворање на изложбата „Пловдив – град на мозаиците“ во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.


Како што пренесуваат бугарските медиуми, осврнувајќи се историските прашања и несогласувања меѓу Софија и Скопје, Габриел истакна дека „историјата има свое значење и таа треба да биде предмет на дискусија на историчарите и експертите, бидејќи секогаш кога ќе се укаже прилика да се злоупотреби, таа се политизира и радикализира.

Така одиме во маѓепсан круг“. са/лв/Фото: Х на Марија Габриел  .


Извор: МИА