Breaking News

Францускиот министер за здравство поднесе оставка поради новите строги закони за имиграција


Францускиот министер за здравство Орелиен Русо поднесе оставка по усвојувањето на контроверзниот закон за имиграција во парламентот, јавија француските медиуми доцна синоќа.


Весниците Фигаро и Паризиен објавија за оставката на Русо, но соопштија дека не е јасно дали премиерката Елизабет Борн ја прифатила.


Русо е дел од левото крило на владата и беше противник на построгиот законски текст што парламентот го усвои синоќа, јави ДПА.

Дебатата за законот за имиграција доведе до несогласувања во француската централно-десничарска влада на премиерот Емануел Макрон. јт/Фото: ДПА .


Извор: МИА