Breaking News

Франција против укинување на помошта од ЕУ за палестинското население


Франција „не е за укинување на помошта од која директна корист има палестинското население“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Париз.


За ова, како што наведуваат, е информирана Европската комисија.


Соопштението беше објавено откако европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј вчера изјави дека Европската унија „веднаш ќе ги прекине сите уплати“ во рамките на оваа развојна помош.

Европската комисија потоа соопшти дека започнува „итна ревизија на помошта на Европската унија за Палестина“. паг/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА