Breaking News

Форум за заштита на македонски идентитет на Универзитетот Скопје


Форум за заштита на македонски идентитет ќе се одржи денеска на Универзитетот Скопје.


Како што посочуваат организаторите, на Форумот ќе учествгуваат лица од политичкиот, дипломатскиот, економскиот и културниот живот во државата.


Меѓу најавените се и ректорот на Универзитетот Скопје, професор доктор Аце Миленковски, поглаварот на МПЦ – ОА – г. г.

Стефан, претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.


Форумот е организиран во три панел – дискусии, учесниците ќе дебатираат во кој правец се движи Македонија на економски и на политички план и дали го заштитивме доволно идентитетот.

бд/са/Фото: Универзитет Скопје .


Извор: МИА