Breaking News

Форум за праведна транзиција на Енергетската заедница во Скопје


Форум за праведна транзиција на Енергетската заедница ќе се одржи денеска во Скопје.


Воведни обраќања на форумот, како што е најавено, ќе имаат заменик директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Дирк Бушле, државниот секретар при Министерство за економија Размена Цекиќ-Дуровиќ, в.


д. директорката на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, Западен Балкан (DG NEAR. D) Микела Матуела, и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.

Форумот, како што е најавено, ќе се концентрира на напорите за адресирање на клучни аспекти на праведниот преод и тоа Планирање и имплементација; Политики, луѓе и околина и Финансирање.


Борбата против климатските промени е високо на политичката агенда на Енергетската заедница, а посветеноста кон декарбонизација се материјализираше преку поставување на амбициозни цели за клима и енергија за 2030 година како за Енергетската заедница, така и за нејзините договорни страни, меѓу кои е и нашата земја.

Тековниот фокус е на ефикасна имплементација на Енергетскиот пакет за чиста енергија, заедно со интеграција на Националните енергетски и климатски планови.


Енергетската заедница е меѓународна организација што ја обединува Европската Унија и нејзините соседи за да креираат интегриран паневропски пазар за енергија.

Организацијата е основана со Договорот за формирање на Енергетска заедница, потпишан во Октомври 2005 година во Атина, Грција, кој стапи во сила во јули 2006 година.


Клучната цел на Енергетската заедница е да ги прошири правилата и принципите на внатрешниот пазар за енергија на Европската Унија кон земјите во Југоисточна Европа, регионот на Црно Море и понатаму, врз основа на правно-обврзувачки рамки.

Енергетската заедница има девет договорни страни – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина.

Европската Унија е страна во Договорот за Енергетска заедница. Преку Европската Комисија, таа функционира како постојан заменик претседател на организацијата.

Секоја земја членка на Европската Унија може да стекне статус на учесник, додека Ерменија, Норвешка и Турција учествуваат како набљудувачи.

аа/лв/Фото: Веб страна на Форум за праведна транзиција на Енергетската заедница .

Извор: МИА