Форум за младинско учество во образованието на УГД-Штип


На Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип (УГД) денеска ќе се одржи Форум за младинско учество во образованието.


Како што соопшти организаторот, целта на форумот е започнување поинтензивна соработка меѓу средните училишта, УГД и останатите чинители на локалната заедница.


Најавено е присуство на ректорот на УГД, претставници на Стопанска комора, студенти, директори на средни училишта и градоначалникот на Штип. хс/са/