Breaking News

Фон дер Лајен, Мелони и Де Кро во посета на Египет на 17 март


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 17 март ќе го посети Египет заедно со италијанската премиерка Џорџа Мелони и белгискиот премиер Александар де Кро, соопшти денеска Европската комисија.


За време на посетата, лидерите ќе се сретнат со египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси.


-Патувањето се одвива во контекст на зајакнување на односите меѓу Египет и Европската унија, рече портпаролот на ЕК.

ЕУ ги смета Египет, како и Тунис, за клучни партнери во запирање на влезот на мигрантите од Северна Африка во земјите на ЕУ. Белгија во моментов претседава со Советот на Европа. мс/фото: ЕПА .


Извор: МИА