Breaking News

Филипини повика кинески дипломат поради „агресивните акции“ на Пекинг во Јужното Кинеско Море


– Филипините денеска го повикаа заменик-шефот на кинеската мисија во Манила во знак на протест против „агресивните акции“ на кинеската крајбрежна стража и морнарицата против мисијата на Манила за снабдување на војници во Јужното Кинеско Море.


Четворица припадници на филипинската морнарица се повредени денеска кога кинески бродови го нападнале нивниот чамец со водени топови за да ги спречат да доставуваат резерви на војниците стационирани во спорното Јужно Кинеско Море.


Неколку земји тврдат дека ги поседуваат правата на територија во Јужно Кинеско Море, меѓу кои и Брунеи, Малезија и Виетнам.

Пекинг тврди дека речиси целото Јужно Кинеско Море, вклучувајќи ги и водите и островите во близина на бреговите на неговите соседи се кинески и пркоси на пресудата на Меѓународниот суд од 2016 година со која се отфрла барањето на Кина.


 ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА