Breaking News

„Фијук“ саем во библиотеката „Браќа Миладиновци“


Во дворот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, денеска од 14 до 21 часот, во организација на Партизанска штампа, Арт Еквилибриум и Гола Планина Колектив ќе се одржува издавачкиот саем „Фијук“.


Отворањето на саемот ќе биде со три мини соло изложби на авторите Алис Лаурешес, Марта Патлињанковска и Владимир Муратовски, а ќе биде затворено со Oтворена музичка сесија на „Гола Планина Колектив“.


 Како што информираат организаторите, на овој „ФИЈУК саем“ ќе има работилница за печатење колаграфија од 16 до 18 часот со Алиса Лаурешес и Ана Трајковска.

Оттаму велат дека „Фијук“ саемот е настан инициран од колективот Матријаршија во Белград, со цел да собере на едно место што поголем број на мали издавачи кои се бават со уметничка продукција, со цел нивно поврзување, вмрежување и поголема видливост.


Истиот се шири во овој формат и под ова име и во Хрватска, Шведска, Словенија со повремени настани кои привлекуваат значителен број на публика и е секогаш поддржан со музичка програма.

 сх/нд/Фото: Партизанска штампа .


Извор: МИА