Breaking News

Фигаро: Лидерот на либански Хезболах бил информиран за нападите на 7 октомври половина час пред да започнат


Лидерот на либански Хезболах, Хасан Насрала бил информиран за плановите на палестинскиот Хамас да изврши повеќе напади на југот на Израел на половина час пред почетокот, на 7 октомври, објави денеска Фигаро.


Според извештајот на весникот, еден од лидерите на Хамас, Салех ал-Арури, кој живее во Либан, бил информиран во телефонски разговор утрото на 7 октомври за неизбежните напади и од него било побарано да го извести проиранскиот шиитски Хезболах.


Оттогаш, Хезболах, сојузник на Хамас, речиси секојдневно е во конфликт со израелската армија во пограничната област. . .

што доведе до евакуација на повеќето населени области во близина на границата, пренесе Бета.


Во средата тие населби беа погодени од најтешкиот бараж на Хезболах од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, јавија израелските медиуми.

Сирените за предупредување од проектили постојано се огласуваа во северниот дел на Израел додека продолжија ракетните напади врз Рош Ханикра и Кирјат Шмона.


Тоа е голема ескалација на насилството долж немирната граница и началникот на израелската армија објави дека е подготвен да се бори против Хезболах додека продолжуваат жестоките борби во јужниот дел на Појасот Газа.

Никој не беше повреден во израелскиот ракетен истрел од Либан, а тоа беше одговор на убиството на припадник на Хезболах, неговиот брат и снаа во напад за кој е обвинета израелската армија.


Хезболах објави дека од почетокот на засилениот конфликт се убиени 129 членови на организацијата, повеќето во Либан, а некои во Сирија.

Во Либан загинаа и 16 палестински оперативци, еден либански војник и 19 цивили, меѓу кои и тројца новинари. зш/ .

Извор: МИА