Breaking News

Фидан: Преговорите на Турција со Хамас за ослободување на заложниците досега не дадоа резултати


Во моментов нема конкретни резултати во преговорите на Турција со Хамас за ослободување на заложниците што милитантната палестинска група ги зароби во Израел и ги однесе во Газа, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.


Фидан истакна дека други земји, односно Катар, се ангажирани во преговори со лидерите на Хамас кои моментално се во таа земја.


– Претставниците на САД и Германија ги пренесоа барањата за ослободување на сопствените граѓани, рече Фидан.

Тој вчера изјави дека Анкара разговара за ослободување на странци, цивили и деца кои ги држи Хамас, велејќи дека „многу земји“ побарале помош од Турција за ослободување на нивните граѓани.


Фидан пред турските медиуми посочи дека преговорите за размена на затвореници се водат преку разузнавачките единици. Официјални лица велат дека Хамас држи речиси 200 заложници во Газа.

Во 2011 година, Израел размени стотици палестински затвореници за ослободување на израелскиот војник Гилад Шалит, кој е во затвор веќе пет години.


Размената беше критикувана од некои Израелци во тоа време. паг/Фото: МИА архива   .

Извор: МИА