Фатен крадец во Куманово


Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 20:30 часот го лишиле од слобода З. Б. (55) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане.


Како што информираат од МВР, тој бил затекнат при обид да одземе предмети од поранешен угостителски објект во населба Карпош во Куманово. -З. Б.


се сомничи дека изминатиов месец извршил три кражби при што одзел предмети и пари. З. Б.

бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР. дма/сст/  .


Извор: МИА