Breaking News

Европскиот парламент го усвои Законот за обновување на природата


Европскиот парламент денеска го усвои Законот за обновување на природата и покрај тоа што Европската народна партија, која ја има најголемата парламентарна група, гласаше против.


Со Законот од земјите-членки се бара да воведат мерки за обновување на природата на една петтина од нивното копно и море до 2030 година, како и на сите екосистеми до 2050 година.


За усвојување гласаа 329 пратеници, против беа 275, а воздржани 24. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА