Breaking News

Европска куќа Крива Паланка ги слави вештините и иновативноста кај младите


Европската куќа во Крива Паланка по повод Денот на Европа подготви тематска програма од најразличен карактер посветена на Европската година на вештините низ младинска перспектива.


– Програмата се состои од тематски дискусии со млади во сферата на медицината, гастрономијата и електро-техниката што ги вклучуваат младите од целиот Североисточен регион, промовирајќи ги нивните вештини и иновативност.


Програмата по повод 9 Мај започна со „Маратон за младински вештини” на кој присуствуваа околу 270 учесници, а продолжи синоќа со тематска дискусија за млади во Eвропската куќа на тема „Медицината како предизвик”, на која учествуваа идните здравствени работници, студенти од Крива Паланка на Медицинскиот факултет, како и средношколците од медицинските паралелки од градот, информираа од Европската куќа Крива Паланка.

Оттаму велат дека Денот на Европа ќе се одбележува и денеска и утре преку тематски дискусии со младите од Кратово и Куманово што ќе ги поттикнат да разговараат за иднината на работните места и важноста од усвојување вештини.


Одбележувањето ќе заврши во петок со изложба „Новите лица на вештините – младинска перспектива“ на градскиот плоштад во Крива Паланка во која се вклучени 18 млади од целиот Североисточен регион.

 -Со цел да се привлече младинскиот сектор и да се стимулираат иновации, модернизираниот простор на Eвропска куќа Крива Паланка ги кани прогресивните поединци, групи, заедници и организации да се дружат, да создаваат и да презентираат нови идеи.


Генералната платформа на нашата Европска куќа има за цел да го зајакне гласот на младите во општеството, охрабрувајќи ги да играат поголема улога во идентификувањето и справувањето со предизвиците, додаваат оттаму поканувајќи ги сите да бидат дел од настаните за денот на Европа, годинава мотото „Иднината нè поврзува“ , додаваат од Европската куќа Крива Паланка.

ид/бак/Фото: Европска куќа Крива Паланка  .


Извор: МИА