Breaking News

Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Шуто Оризари


– Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општина Шуто Оризари.


Станува збор за деветта во низата општински посети по отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година.


Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во процесот на преговори за пристапување во Европската унија и нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

За време на престојот во Шуто Оризари, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот Курто Дудуш, со членовите на општинскиот Совет и со претставници на граѓанските организации.


Тој, исто така, ќе посети една од куќите реновирани во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на одржливиот урбан развој на ромските населби“.

Амбасадорот Гир ќе учествува и на кафе-дебата со граѓаните на која ќе одговора на прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија. свс/са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА