Breaking News

Евакуиран исландскиот град Гриндавик, се заканува нова ерупција на вулкан


Рибарскиот град Гриндавик, кој се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, повторно ќе биде евакуиран поради обновената вулканска активност во областа, соопштија локалните власти. Сите 4.


000 жители треба да го напуштат Гриндавик утревечер, кога ќе започне забраната за враќање во градот во следните три недели, соопшти полицијата.


Областа во близина на активниот вулкан сè уште се смета за опасна по земјотресот во декември, со зголемен ризик од вулкански ерупции, според проценката на ризикот од експерти за цивилна одбрана.

Пред Божиќ, имаше четврта ерупција во последните три години во близина на Гриндавик, кој се наоѓа југозападно од главниот град Рејкјавик.


Градот веќе беше евакуиран поради серија земјотреси, кои предизвикаа големи штети, вклучително и длабоки пукнатини на улиците.

Исландските медиуми пред неколку дена објавија дека во една од тие пукнатини паднал работник. Потрагата по него во меѓувреме е прекината, а работникот не е пронајден. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА